Баба Трпана на умирање му рекла на внукот:
– Слушај внучко, јас тебе во наследство ќе ти ја оставам мојата фарма. Имам многу ниви, штали, трактор и плус 50 милиони долари.
– Леле бабо, па јас појма немав дека ти си била толку богата. А каде ти е фармата?
Бабата со последен здив прошепотила:
– На фејсбук!
Наравоучение: Благословен да е Бог, Таткото на нашиот Господ Исус Христос, Кој по Својата голема милост, преку воскресението на Исуса Христа од мртвите, нè роди одново за жива надеж, за непоминливо наследство, и неизвалкано, и кое не вене, запазено во небесата за вас. (1. послание на апостол Петар 1:3-4)